Со комплетирањето на средбите од главната рунда на Европското првенство за младинки кое се игра во Целје станаа познати репрезентациите кои ќе играат во полуфиналето. Во полуфиналните пресметки Унгарија ќе игра против Русија, а Шведска против Франција.
Во директниот дуел Франција беше поуспешна од Романија, а Унгарија со уште една победа против Хрватска го потврди максималниот ефект и првото место.
Во групата 2, три репрезентации завршија со по четири бода, но после мини табелата пласман во полуфиналето обезбедија Шведска и Русија. И покрај триумфот над Шведска, Данска не успеа да обезбеди пласман во полуфиналето.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА МЛАДИНКИ
ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ
ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА
УНГАРИЈА – РУСИЈА
ГЛАВНА РУНДА
РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО
ГРУПА 1
РУСИЈА – ГЕРМАНИЈА 28:25 (15:10)
ШВЕДСКА – ДАНСКА 24:25 (12:15)
ТАБЕЛА: 1. Шведска 4 бода (84:78); 2. Русија 4 (83:79), 3. Данска 4 (75:72); 4. Германија 0 (71:84).
ГРУПА 2
РОМАНИЈА – ФРАНЦИЈА 27:31 (14:12)
УНГАРИЈА – ХРВАТСКА 35:24 (16:9)
ТАБЕЛА: 1. Унгарија 6 бода (82:59); 2. Франција 4 (71:61); 3. Романија 2 (75:78); 4. Хрватска 0 (58:88)
НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН
РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО
ГРУПА 3
СЛОВАЧКА – СЛОВЕНИЈА 31:23 (17:15)
ШВАЈЦАРИЈА беше слободна
ТАБЕЛА: 1. Швајцарија 4 бода (65:49), 2. Словачка 2 (58:52); 3. Словенија 0 (45:57).
ГРУПА 4
НОРВЕШКА – ЦРНА ГОРА 31:23 (16:12)
ЧЕШКА – АВСТРИЈА 27:32 (12:14)
ТАБЕЛА: 1. Чешка 4 бода (79:78); 2. Норвешка 4 (102:78); 3. Црна Гора 2 (79:75); 4. Австрија 2 (79:108).