Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски денеска го заврши двегодишниот престој во Бундес лигата.
Тој имаше одлични бројки оваа сезона во дресот на Лудвигсхафен, кој сепак не успеа да избори опстанок.
Томовски настапи на сите 37 од 38 натпревари и успеа да собере вкупно 247 одбрани, од кои 17 беа пенали, а процентот исто така е одличен – 28%.
Најмногу интервенции имаше против Ерланген и Балинген, кога успеаа да одбрани по 17 шута на противниците. Еднаш се најде и во тимот на колото во Бундес лигата.
Во новата сезона, Томовски ќе го брани голот на Вардар и ќе игра во Лигата на шампионите.