По Даинис Кристопанс и Павел Атман, третиот играч кој може да добие раскин на договорот со европскиот шампион Вардар среде сезона, е германскиот интернационалец Кристијан Дисингер.
Тој се опоравува по операцијата на коленото која беше направена на крајот на ноември минатата година, а се очекува(ше) да биде подготвен за камбек на теренот во април.
Дури и да биде подготвен, се чини дека тој го одигра последниот натпревар за Вардар на гостувањето кај Мешков Брест лани и ќе добие раскин на договорот. Алушовски на располагање ги има само Сергеј Горбок и Дејан Кукуловски на левата бековска позиција.
За Германецот одамна се шпекулира дека има понуда од португалскиот Спортинг Лисабон, но која ќе биде неговата следна дестинација, останува да видиме. Покрај Дисингер, Атман и Кристопанс, на крајот на сезоната сигурно заминуваат Гедбан и Шишкарев.