Заборавија на Северина и Розга: Која е ракометарката на Подравка што ги збудале Хрватите! (ФОТО)

„Грчката божица која ги збудале Хрватите“, „Ракометната убавица од Олимп“, се само дел од насловите низ хрватските медиуми за ракометарката на Подравка, Ламприни Цакалу.

Грчката репрезентативка одигран една сезона настапува за хрватскиот првак, но веќе им стана омилена на тамошните навивачи. Тие низ форумите воодушевени од нејзината убавина пишуваат дека веќе заборавиле на сексапилот на Северина и Јелена Розга.

Цакалу е родена во селото Пета близу градот Арта, а има африкански корени. Нејзината баба по која го добила името е од Конго, а повеќе членови од нејзиното семејство се спортисти. Навива за АЕК Атина и за Барселона, ги обожава Леброн Џејмс и Јанис Антетокоумпо.

Таа го продолжи договорот со Подравка на уште една сезона и ќе остане во Копривница.

„Драго ми е што ќе останам во Подравка. Задоволна сум од екипата и од целата атмосфера во клубот. Се надевам дека наскоро ќе научам и хрватски за да можам да комуницирам полесно, со навивачите и со медиумите. Девојките ми помагаат, но воглавно разбирам тоа што го зборува тренерот. Секако, тоа се спортски фрази, но надвор од сала е потешко. Кога се важни натпревари и сакам да бидам 100% сигурна дека сум разбрала, ми помагаа Тјаша Станко и Елена Ѓорѓиевска“, вели Цакалу.

Во новата сезона Цакалу сепак немаше да има помош на бековската линија од Станко и Ѓорѓиевска, со оглед на тоа што Словенката замина во францускиот Мец, а нашата репрезентативка во романската Магура Чиснадие.

Погледнете зошто Хрватите се заслепени од нејзината убавина…

 

View this post on Instagram

 

#forever#THE#Mood 🌊 #greek#sea

A post shared by Labrina Tsàkalou (@labrina_22) on

 

View this post on Instagram

 

Name a place more beautiful than #Greece , I’ll wait … Here … 🇬🇷🌊

A post shared by Labrina Tsàkalou (@labrina_22) on

 

View this post on Instagram

 

#my#forever#summer#mood 🇬🇷☀️🌊

A post shared by Labrina Tsàkalou (@labrina_22) on