Репрезентациите на Русија и Белорусија ги поделија бодовите на стартот на Светското првенство откако денеска ремизираа со 32:32. После 60 минути надигрување во кои имаше многу промени на селекцијата која е во водство на крајот решаваа нијанси, а Шишкарев го промаши шутот за победа.
Од почетокот на средбата Белорусите покажаа дека имат одлична селекција и успеаја да имаат иницијатива. Сепак, не можеа да имаат поголема предност туку постојано беше гол до два позитива.
Русите како да имаа потреба од дополнително загревање пред да влезат во потребниот ритам, па дури на средина од првото полувреме успеаја да се покажат во подобро издание и да фатат приклучок така што до крајот на првиот дел успеаја да стигнат до нерешен резултат и на одмор да заминат со 15:15.
Вториот дел од средбата мина во далеку поинаков ритам и со далеку попеколно темпо. И двата состави влегоа со поголем мотив, а стрелците од сите страни распалија. Имаше одбрани од голманите, но недоволно за да може да се надеваат на нешто повеќе.
Почнаа пресврти при што и едните и другите имаа свои моменти. Се менуваа во зависност од тоа кој беше порасположен. Косоротов ја водеше Русија, Вајлупов, Каралек и Кулеш селекцијата на Белорусија.
Русите имаа меч топка. Шишкарев имаше слободен шут, но тој биеше во голманот Марос, па на крајот бодовите беа поделени, а после овој дуел во кој сите мислеа повеќе на напад и двете селекции можат да жалат за пропуштеното.