Унгарскиот Веспрем имаше сезона за заборав, бидејќи повторно не стигна до толку посакуваната титула во Лигата на шампионите.
Избраниците на Момир Илиќ ја загубија титулата во унгарскиот шампионат од ПИК Сегед, а на завршниот турнир во ЛШ загубија два пати од Келце и Кил.
Единствена утеха може да им биде трофејот во Купот на Унгарија што го освоија во април.
Сепак брзо заборавија на неуспесите во финишот на сезоната и си уживаат на езерото Балатон по враќањето од Келн…