После повеќе од два месеци пауза денеска се отвора ракометната пролет во Македонија, а на теренот први ќе се најдат женските тимови на Алушовски и Овче Поле СУ.
Се работи за натпревар од Купот на Македонија со кој се отвора женскиот дел од натпреварувањето. Ова е само еден дуел бидејќ има непарен број на екипи, па затоа еден мора да се приклучи на другите 11 кои се директно во следната фаза.
Инаку, ЖРК Алушовски е домаќин на оваа средба која ќе биде одиграна во „Форца“, а почетокот е закажан за 17:30 часот.
Утре исто така ќе биде одигран еден натпревар и од Купот на Македонија во машка конкуренција. Според предвиденото од 19:30 часот утре во Велес екипата на Борец ќе биде домаќин на Текстилец. Инаку, кај мажите се работи за дуел од 1/16-финалето од Купот на Македонија.