Селекторот на Франција, Гијом Жил го скрати списокот и одбра 20 ракометари што ќе бидат дел од подготовките за Мундијалот во Полска и Шведска.
Жил нема да смета на повредените Уго Деска, Карл Конан, Тимот Н’гесан, Весли Пардан, Ајмерик Мин, но тука се искусните браќа Карабатиќ, потоа Жерар, Фабрегас, Пранди, Порт…и ракометната јавност со право сметка дека Франција ќе се вмеша во борбата за медали.
Поодготовките на Французите статуваат на 26 декември, а од 4 до 7 јануари избраниците на Жил ќе одиграат пријателски средби со Холандија, Египет или Чешка.
Франција е во група со домаќинот Полска, Словенија и Саудиска Арабија.