Селекторот на Франција, Гијом Жил, го објави скратениот список од 20 ракометари што ќе бидат дел од Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Главната вест е дека првата ѕвезда Никола Карабатиќ се опорави по коронавирусот и се најде на списокот, иако прашање е колку ќе биде подготвен за настап.
Сепак и на скратениот список има еден играч што во текот на денот добил позитивен тест, Валентан Порт, но Жил верува дека тој ќе го „прележе“ вирусот и ќе може да игра на континенталниот собир.
На списокот се најдоа сите ракометари што имаа корона на стартот на подготокивте – голманот Десбоне, крилата Конку, Наи и Деска, бекот Мин, како и пикерот Монар.
Франција е во групата Ц што ќе се игра во Сегедин, заедно со селекциите на Хрватска, Србија и Украина.
Состав на Франција:
Голмани: Десбоне (Ним), Жерар (ПСЖ), Пардан (Екс)
Леви крила: Деска (Монпелје), Наи (Келце)
Леви бекови: Карабатиќ (ПСЖ), Конан (Екс), Лагард (Екс), Брие (Нант)
Средни бекови: Мае (Веспрем), Мин (Нант)
Десни бекови: Мем (Барселона), Ричардсон (Барселона), Бос (Монпелје)
Десни крила: Конку (ПСЖ), Лен (Монпелје), Порт (Монпелје)
Пивоти: Фабрегас (Барселона), Турна (Келце), Монар (Нант)