Животна драма – додека славел титула, сопругата доживеала мозочен удар

Екипата на Динамо Букурешт ја освои својата петта последователна титула во првенството на Романија, но прославата помина во сенка на трагедијата во семејството еден од најдобрите играчи на Динамо и репрезентацијата на Романија, Хавиер Хумет.

Сопругата на Хумет доживеа мозочен удар и се наоѓа во болница. Клубот на Хумет на профилот на социјалните мрежи постави објава во која ги повикува сите да бидат поддршка на ракометарот и неговата сопруга во овие тешки моменти.

„Бог ги тестира Хавиер Хумет и семејството Динамо. Вечерта после освојување на титулата сопругата на Хави имаше мозочен удар и е хоспитализирана. Потребна е нашата молитва, ставете ја Ана Аида во мислите кон Господ и да бидеме со нив во овие времеиња“, стои во објавата на Фејсбук на клубот Динамо.

Хумет е ракометар кој е роден во Барселона, но сега настапува за репрезентацијата на Романија. Во 2014 година тој потпиша за Констанца и од тогаш не ја напушти земјата. Играше и за Стеауа и ЧСМ Букурешт, а од 2020 година е член на Динамо Букурешт.

Во Констанца ја запозна Ана Аида која му стана сопруга. Во 2017 година Хумет стана романски државјанин и има право на настап за репрезентацијата на Романија каде што е еден од најдобрите играчи.

Исто така и голем дел од ракометарите на Динамо Букурешт ја покажаа својата поддршка за својот колега кој минува низ тешки моменти. Неколкумина од колегите објавија пораки за поддршка на Фејсбук.