Жешко е во Битола: „Чкембари“ со песни го „пецкаат“ Вардар, салата веќе се полни! (ВИДЕО)

Веќе се е подготвено за старт на големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, што ќе се игра во „Боро Чурлевски“. Навивачите на битолчани полека се упатуваат кон салата, пеат песни и го „пецкаат“ Вардар, а се очекува да пристигнат и навивачи на „црвено-црните“. На Еурофарм Пелистер му е доволно и реми за титула, а вардарци мора да слават ако сакаат да слават титула....