Женската кадетска репрезентација на Исланд, која дојде во вајлд-карта на Мундијалот во Скопје, се наоѓа на чекор до место во главна рунда.
И покрај слободниот ден на СП, Исланѓанките тренираа, но не во сала, туку пред Градскиот Трговски Центар, кој се наоѓа до хотелот каде што се сместени.
Иако не се навикнати на жешко време, какво што денеска има во Скопје и 30+ степени, сепак ги извршија сите задачи.
Исланд е во пол позиција во групата А која вкрстува со Македонија во главната рунда. Тие освоја три бода во пресметките со фаворитите Шведска и Црна Гора.