Ракометарите на Вардар своите преостанати девет натпревари од групната фаза од Лигата на шампионите ќе ги одиграaт во февруари и март. Во договор со клубовите и ЕХФ потврдени се осум термини, а единствениот натпревар за кој се уште нема датум е оној со ПСЖ во Скопје. За тој клубовите дополнително треба да се договорат. Во првиот дел од сезоната Вардар одигра само половина од предвидените натпревари од Лигата на шампионите.
Сега останува да ги одигра сите предвидени средби. Според договорот меѓу клубовите, Вардар ќе стартува на 4 февруари со гостување кај Порто во Португалија. Потоа следуваат две врзани гостувања кај ПСЖ и Флензбург. Во февруари според досега потврдените датуми и саатници вардарци ќе бидат домаќини само на ПИК Сегед и на Елверум. Единствениот меч во март треба да биде оној со Мешков Брест во Скопје закажан за 4 март.
Во групната фаза од Лигата на шампионите Вардар треба да одигра 14 натпревари. Според пропозициите првите две екипи ќе се пласираат директно во четвртфинале, а екипите пласирани од трето до шесто место ќе разигруваат во осминафинале со ривалите од другата група. Победниците од тие осминафинални средби потоа одат во четвртфиналето каде ги чекаат првите две од групите, од каде ќе бидат познати тимовите за Ф4 турнирот.
Термини во групната фаза од Лигата на шампионите:
4 февруари – 20:45
Порто – Вардар
9 февруари – 18:45
ПСЖ – Вардар
11 февруари – 18:45
Флензбург – Вардар
14 февруари – 18:00
Вардар – ПИК Сегед
18 февруари – 18:45
ПИК Сегед – Вардар
21 февруари – 16:00
Вардар – Елверум
25 февруари – 18:45
Елверум – Вардар
4 март – 18:45
Мешков Брест – Вардар