Жереми Тото: Целиот тим беше пресреќен, игравме во одлична атмосфера (ВИДЕО)

Пивотот на Вардар, кој летово пристигна од тимот на Висла Плоцк, Жереми Тото покаува дека е одлично засилување, а на првата средба на домашен терен во Лигата на шампионите можеше да се запознае и со публиката. Тој е пресреќен што дојдоа до победа од 35:27 против Мешков Брест пред навивачи на трибините кои дадоа голема поддршка во текот на сите 60 минути и тоа беше од големо значење. Сето ова е најава за убава сезона, а тој зборуваше и за претстојниот дуел против Еурофарм Пелистер в недела. Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото.