Искусниот голман на Франција и Кил, Венсан Жерар, ќе паузира одреден временски период поради повреда.
Французинот, кој во новата сезона пристигна во Кил како замена за Никлас Ландин, во текот на подготвителниот период заработи повреда.
Иако стануваше збор за обновена стара повреда на адукторот, лекарскиот тим на Кил процени дека е неопходно да се направи операција.
Жерар за францускиот весник L’Equipe истакна дека се надева на учество на Европското првенство во јануари.
,,Апсолутно дека до стартот на Европското првенство ќе бидам во конкуренција. Ако се оди според планот, тогаш ќе ми останат уште околу 4 недели за да влезам во добра форма. Мислам дека тоа е остварлива задача. Имам реална цел. Но, пред сѐ се надевам дека повеќе нема да чувствувам болка и дека ќе можам целосно да се фокусирам на ракометот”, изјави Жерар.
Француската репрезентација на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија, е еден од ривалите на Македонија.
Освен Македонија, ривали на Франција сѐ уште и репрезентациите на Германија и Швајцарија.
Малер до малер за Кил – се повредија засилувањата Гурбиндо и Жерар!