До крајот на есенскиот дел од сезоната во Женската лига остануваат уште две кола, а пред нивното одигрување полека веќе се знаат работите кои две екипи ќе ги имаат првите две позиции и кои ќе влезат од највисокото место во трката по титулата во пролетниот дел.
Според актуелната ситуација тимот на Куманово е со максимални 30 бода, а Металург има три помалку и тоа после поразот во 11. коло. Истото беше комплетирано во неделата, па сега е и комплетна табелата така што останува уште да се доработат двете кола и да се има комплетната есенска табела.
Инаку, три екипи се во ист број бодови од 3. до 5. место и тука ќе биде голема битката бидејќи тие се на мало заостанување и во трката за 2. позиција така што неизвесноста останува присутна и понатаму.
ЖЕНСКА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ ОД 11. КОЛО
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – РК АЛУШОВСКИ 34:26
Цветановска 10, Донева 8, Петровска 8 – Велигденов 6, Георгиевска 6, Ангелковска 4
ВАРДАР – ОВЛЕ ПОЛЕ СУ 43:12
Ѓеоргиевска 10, Диневска 6, Трпевска 4 – Вучевска 3, Ашкилова 3, Костова 2
КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ 38:27
Чокели 10, Трајковиќ 6, Шарановиќ 5 – Калајџиевска 11, Дамчевска 4, Тасевска 3
ЧАИР – СПАРТАК 26:25
М. Николовска 12, Бакиќ 6, Реџеп 3 – Величковска 6, Стефановска 5, Китановска 3
ПЕЛИСТЕР – СТРУЖАНКА 29:34
Стојанова 10, Анчева 7, Милосвљевиќ 4 – Делиоска 11, Маркоска 8, И. Затуроска 5
КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – ГЕВГЕЛИЈА 31:28
Блажевска 11, Русевска 8, Ѓорѓиева 5 – Митрова 8, Попова 7, Пецевска 5
ДВОЈКИ ЗА СЛЕДНО, 12. КОЛО (30.11./01.12.2019)
КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – ПЕЛИСТЕР
ДЕСПИНА – ЧАИР
СПАРТАК – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
МЕТАЛУРГ – ВАРДАР
ГЕВГЕЛИЈА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
РК АЛУШОВСКИ – КУМАНОВО
ТАБЕЛА: 1. Куманово 30 бода (355:216); 2. Металург 27 (375:199); 3. Вардар 24 (335:124); 4. Стружанка 24 (329:268); 5. Чаир 24 (297:259); 6. Деспина 18 (252:270); 7. Спартак 11 (261:284); 8. Ѓорче Петров 9 (215:300); 9. Пелистер 8 (279:332); 10. Гевгелија 7 (231:305); 11. Кузман Вардар Илинден 6 (243:362); 12. РК Алушовски 4 (253:343); 13. Овче Поле СУ 3 (224:299).