Во 13. коло од Женската лига денеска ќе бидат одиграни две средби. На нив домашните очекуваат бодови, но на еден од дуелите се очекува и да има надигрување и неизвесност.
Вардар е фаворит против РК Алушовски и тука гостинките тешко ќе можат да дојдат до некое изненадување.
Сепак, на средбата меѓу Чаир и Стружанка може да има надигрување во текот на сите 60 минути со оглед на тоа што се работи за две солидни екипи. Приближно се израмнети со квалитетот и затоа ова може да биде интересен дуел.
Домашниот терен може да биде голема предност, а дали тимот на Чаир ќе го искористи ќе се види денеска.
ЖЕНСКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 13. КОЛО
САБОТА, 7 ДЕКЕМВРИ
11:30ч
ВАРДАР – РК АЛУШОВСКИ
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.
17:00ч
ЧАИР – СТРУЖАНКА
Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Судии: Спаско Ќаев од Скопје и Даниел Ристовски од Велес. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.
НЕДЕЛА, 8 ДЕКЕМВРИ
13:30ч
ПЕЛИСТЕР – ГЕВГЕЛИЈА
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.
17:00ч
КУМАНОВО – СПАРТАК
Сала: ОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.
18:00ч
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – МЕТАЛУРГ
Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.
ВТОРНИК, 10 ДЕКЕМВРИ
20:30ч
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ДЕСПИНА
Сала: „Христо Батанџиев“ во Скопје. Судии: Адриана Здраковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.
КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН е слободен
ТАБЕЛА: 1. Куманово 33 бода (407:237); 2. Металург 30 (405:227); 3. Вардар 24 (363:241); 4. Стружанка 24 (329:268); 5. Чаир 24 (322:287); 6. Деспина 21 (280:295); 7. Спартак 14 (285:306); 8. Пелистер 11 (313:358); 9. Гевгелија 10 (256:323); 10. Ѓорче Петров 9 (236:324); 11. Кузман Вардар Илинден 6 (269:396); 12. РК Алушовски 4 (274:395); 13. Овче Поле СУ 3 (242:324).