Екипата на Пелистер која сезонава ќе ја претставува Македонија во Челенџ купот не игра во формата од лани после многуте промени во тимот, но денеска ќе се обиде да надомести и да дојде до три бода на дуелот против Спартак.
Ракометарките на тимот од Битола на домашен терен ќе влезат со улога на мал фаворит против Спартак и ќе биде интересно да се види како ќе течат работите на овој натпревар.
Ова може да биде неизвесен дуел полн со интересен ракомет, а доколку работите течат како што се очекува тогаш нијанси ќе пресудуваат.
Ова е единствениот меч од 9. коло кај дамите денеска, додека другите дуели се играат утревечер.
ЖЕНСКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 9. КОЛО
СРЕДА, 6 НОЕМВРИ
20:00ч
ПЕЛИСТЕР – СПАРТАК
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Игор Огненов од Битола.
ЧЕТВРТОК, 7 НОЕМВРИ
19:30ч
СТРУЖАНКА – ГЕВГЕЛИЈА
Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.
КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – ДЕСПИНА
Сала: „Гоце Делчев“ (Илинден) во Скопје. Судии: Михаела Капсарева и Лејла Јашар од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.
20:00ч
ЧАИР – МЕТАЛУРГ
Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.
КУМАНОВО – ВАРДАР
Сала: ОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
20:15ч
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
Сала: „Христо Батанџиев“ во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Зоран Кимевски од Скопје.
РК АЛУШОВСКИ е слободен
ТАБЕЛА: 1. Металург 21 бод (278:122); 2. Куманово 21 (257:142); 3. Вардар 18 (241:147); 4. Чаир 18 (214:178); 5. Стружанка 15 (232:195); 6. Деспина 12 (200:222); 7. Спартак 10 (211:233); 8. Пелистер 7 (200:245); 9. Гевгелија 7 (152:214); 10. Алушовски 4 (201:277); 11. Овче Поле СУ 3 (168:194); 12. Ѓорче Петров 3 (137:213); 13. Кузман Вардар Илинден 3 (171:280).