Женска лига: Металург, Куманово и Вардар единствени без пораз

После шест кола во Женската лига трите екипи кои се фаворити за титулата се издвоија и тие се без пораз. Металург уште нема одморено во некое коло, но уште немале ниту директни пресметки, па оттаму во ноември ќе се види кој тим колку е подготвен односно кој состав ќе биде во предност во финишот од есенскиот дел од сезоната.

Во 6. коло вардарки беа слободни, а Металург и Куманово забележаа победи без поголеми проблеми. Кумановки имаа потежок дуел бидејќи играа против составот на Чаир, кој има квалитетни ракометарки кои можат да парираат на секого.

Оттаму во продолжение може да се видат сите резултати од 6. коло и да се види како изгледа табелата после шест комплетирани кола во Женската лига.

ЖЕНСКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО

ГЕВГЕЛИЈА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ     22:19 (ИЗВЕШТАЈ)

Пецевска 7, Митревска 5, Петковска 3 – Донева 7, Цветановска 5, И. Петровска 4

МЕТАЛУРГ – КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН         48:17 (ИЗВЕШТАЈ)

Гугуљанова 10, Тасевска 8, Дамчевска 7 – Блажевска 8, Филипова 4, Бојковска 3

КУМАНОВО – ЧАИР      33:25 (ИЗВЕШТАЈ)

Гичевска 6, Глигоријадис 6, Јанкуловска 5 – Каранфиловска 6, М. Николовска 5, А. Николовска 5.

АЛУШОВСКИ – СТРУЖАНКА     25:46 (ИЗВЕШТАЈ)

Велигденова 6, Георгиевска 5, Алушовска 4 – Дукоска 8, Делиоска 6, Јовичинац 6

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР       28:36 (ИЗВЕШТАЈ)

Вучевска 8, Гигова 5, Јовановска 4 – Талевска 10, Стојанова 10, Анчева 9

СПАРТАК – ДЕСПИНА   26:31 (ИЗВЕШТАЈ)

Стефановска 11, Димитрова 3, Матриновска 3 – Филипоска 10, Јовеска 6, Камческа 5.

ВАРДАР беше слободен

ДВОЈКИ ЗА 7. КОЛО

24/26 ОКТОМВРИ

ДЕСПИНА – ГЕВГЕЛИЈА

ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КУМАНОВО

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – АЛУШОВСКИ

СТРУЖАНКА – СПАРТАК

ЧАИР – ВАРДАР

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ е слободно

ТАБЕЛА: 1. Металург 18 бода (233:99); 2. Куманово 15 (182:107); 3. Вардар 15 (181:109); 4. Чаир 12 (153:125); 5. Стружанка 9 (177:153); 6. Деспина 9 (157:178); 7. Спартак 7 (152:172); 8. Гевгелија 7 (115:152); 9. Пелистер 6 (143:166); 10. Овче Поле СУ 3 (142:161); 11. Ѓорче Петров 3 (109:141); 12. Кузман Вардар Илинден 3 (117:215); 13. Алушовски 0 (136:219).