Ракометарките на Металург и на Вардар денеска го имаат дерби дуелот во 12. коло од Женската лига, кое е претпоследно за есенскиот дел. Тие ќе имаат значаен меч бидејќи бодовите се потребни и за едните и за другите така што ова ќе биде интересна средба.
Иако Металург е фаворит на свој терен и според тоа што има поискусни ракометарки, сепак, ова може да биде интересна средба така што сигурно ќе има возбудувања од почеток до крај.
Интересно се очекува да биде и во Кисела Вода каде што екипата на Спартак го пречекува составот на Ѓорче Петров. И тука домашните се во предност, но тоа ќе треба да се покаже и на теренот.
Сите средби од 12. коло се играат денеска со исклучок на средбата Алушовски-Куманово која беше одиграна во четвртокот.
ЖЕНСКА ЛИГА
ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО
АЛУШОВСКИ – КУМАНОВО 21:52
Георгиевска 6, Николовска 4, Ангелковска 3 – Глигоријадис 11, Трајковиќ 9, Гичевска 6
САБОТА, 30 НОЕМВРИ
12:45ч
КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – ПЕЛИСТЕР
Сала: „Гоце Делчев“ (Илинден) во Скопје. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
14:00ч
ГЕВГЕЛИЈА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Спаско Ќаев од Скопје и Даниел Ристовски од Велес. Делегат: Петре Климкаров од Велес.
16:30ч
МЕТАЛУРГ – ВАРДАР
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.
17:30ч
СПАРТАК – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.
18:00ч
ДЕСПИНА – ЧАИР
Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.
ТАБЕЛА: 1. Куманово 30 бода (355:216); 2. Металург 27 (375:199); 3. Вардар 24 (335:124); 4. Стружанка 24 (329:268); 5. Чаир 24 (297:259); 6. Деспина 18 (252:270); 7. Спартак 11 (261:284); 8. Ѓорче Петров 9 (215:300); 9. Пелистер 8 (279:332); 10. Гевгелија 7 (231:305); 11. Кузман Вардар Илинден 6 (243:362); 12. РК Алушовски 4 (253:343); 13. Овче Поле СУ 3 (224:299).