Тимот на Металург кој е лидер после седум одиграни кола во Женската лига е слободен во 8. коло, но затоа трите екипи кои го следат се со улогата на фаворити против своите ривали за обезбедување на триумф.
Куманово ќе гостува во Гевгелија и се очекува без проблеми да освои три бода. Истото важи и за тимот на Чаир кој гостува во Свети Николе.
Вардар својот дуел го игра утре против Ѓорче Петров, а и тука очекувањата се да нема поголеми проблеми за да бидат обезбедени три бода за „црвено-црните“.
Другите дуели треба да бидат нешто поизрамнето и да донесе нешто резултатски понеизвесен ракомет.
ЖЕНСКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 8. КОЛО
САБОТА, 2 НОЕМВРИ
13:00ч
ГЕВГЕЛИЈА – КУМАНОВО
Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Спаско Ќаев од Скопје и Даниел Ристовски од Велес. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.
17:00ч
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЧАИР
Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
17:30ч
СПАРТАК – КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН
Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.
19:00ч
ДЕСПИНА – СТРУЖАНКА
Сала: „Р. Р. Ричко“ во Прилеп. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.
19:30ч
АЛУШОВСКИ – ПЕЛИСТЕР
Сала: „Форца“ во Скопје. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.
НЕДЕЛА, 3 НОЕМВРИ
14:00ч
ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.
МЕТАЛУРГ е слободен
ТАБЕЛА: 1. Металург 21 бод (278:122), 2. Куманово 18 (221:125); 3. Вардар 15 (208:137); 4. Чаир 15 (181:152); 5. Стружанка 12 (208:178); 6. Деспина 12 (183:198); 7. Спартак 7 (177:203); 8. Гевгелија 7 (135:178); 9. Пелистер 6 (166:211); 10. Овче Поле СУ 3 (142:161); 11. Ѓорче Петров 3 (127:180); 12. Алушовски 3 (167:243); 13. Кузман Вардар Илинден 3 (141:246).