За денеска и утре е предвидено екипите кои се натпреваруваат во Женската лига да одиграат нови средби и тоа се двобоите од 4. Коло.
Во ова коло трите екипи кои се на максимум бодови после три кола се домаќини и се фаворити за победа и на новите средби така што не би требало да има поголеми проблеми за да се дојде до нови три бода.
Според тоа како стојат работите за очекување е Металург, Куманово и Вардар да се изборат за нови победи, а и тимот на Чаир кој има натпревар помалку (беше слободен во 3. коло) исто така оди како фаворит на гостувањето во Гевгелија.
ЖЕНСКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО
СРЕДА, 9 ОКТОМВРИ
16:00ч
МЕТАЛУРГ – ДЕСПИНА
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.
16:15ч
АЛУШОВСКИ – СПАРТАК
Сала: „Форца“ во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.
19:30ч
ГЕВГЕЛИЈА – ЧАИР
Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
20:00ч
КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР
Сала: „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.
ЧЕТВРТОК, 10 ОКТОМВРИ
19:30ч
ВАРДАР – КУЗМАН ИЛИНДЕН ВАРДАР
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – СТРУЖАНКА
Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Адријана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ е слободен
ТАБЕЛА: 1. Металург 9 бода (125:35); 2. Куманово 9 (107:59); 3. Вардар 9 (107:67); 4. Чаир 6 (72:47); 5. Стружанка 3 (85:84); 6. Овче Поле СУ 3 (69:72); 7. Пелистер 3 (59:63); 8. Ѓорче Петров 3 (72:93); 9. Спартак 3 (69:92); 10. Деспина 3 (64:92); 11. Гевгелија 3 (43:80); 12. Алушовски 0 (62:106); 13. Кузман Вардар Илинден 0 (58:102).