Единствената сениорска конкуренција кај дамите во следната натпреварувачка сезона 2023/24 ќе брои 14 екипи.
За разлика од претходната сезона, во новата сезона нема да учествува Кузман Вардар, кој реши во иднина да се фокусира на работата со младинските категории.
Дебитант во Женската лига ќе биде новиот клуб Металург Автокоманда, а нема да игра некогашниот првак Металург.
Половината клубови, односно седум, се скопски, останатите седум се од внатрешноста на Македонија.
Актуелен бранител на титулата ќе биде старо-новиот шампион Ѓорче Петров.
Учесници за сезона 2023/24: Ѓорче Петров, Куманово, Чаир, Вардар, Пелистер, Овче Поле СУ, Стружанка, Шампион, Гевгелија, Астибо, Деспина, Скопје, Спартак и Металург Автокоманда.