Клубовите кои се натпреваруваа минатата сезона во Супер женската лига продолжуваат со настапите и во новата сезона, а кон нив се приклучуваат Астибо од Штип и Феникс АМС од Битола така што лигата сега ќе брои 15 клуба.
Со оглед на тоа што е веќе време за почеток, клубовите од утре ќе можат да почнат со стратегија бидејќи ќе биде направена ждрепката за новата сезона и ќе биде познато како ќе се игра во новиот шампионат со оглед на тоа што бројката е зголемена.
Од информациите на 24 Ракомет најверојатно ќе има две групи, но останува тоа да биде потврдено утре на ждрепката за стартните броеви која е најавена за 12 часот во просториите на РФМ.
Поради актуелната ситуација со Ковид 19 извлекувањето ќе биде онлајн.
КЛУБОВИ ПРИЈАВЕНИ ЗА УЧЕСТВО: Куманово, Вардар, Металург, Чаир, Деспина, Стружанка, Спартак, Гевгелија, Овче Поле СУ, Пелистер, Шампион, Ѓорче Петров, Кузман Вардар, Астибо, Феникс АМС