Женската Лига на шампиони со познати тимови, без изненадување кај носителите

Покрај за машката Лигата на шампиони веќе се познати шеширите и за женската ЛШ каде што и во новата сезона ќе има место за 16 екипи.

Истата процедура од машката ЛШ ќе биде присутна и кај дамите на 1 јули од 18 часот кога во Виена ќе биде извршена ждрепката за натпреварите од групната фаза.

Според тоа како екипите се поделени пред ждрепката ќе има интересни групи од по осум екипи. Носители се Ѓер, Ростов Дон, Мец и Рамницу Влчеа.

Во вгториот шешир место имаше за Будуќност, Есбјерг, Кристијансанд и Борусија Дортмунд.

Третиот шешир го сочинуваат ЦСКА Москва, ФТЦ Раил Карго, Брест и ЧСМ Букурешт, додека во последниот се Крим Меркатор, Подравка, Одензе и Битигхајм.

И тука важи истото правило како и кај мажите, тимови од иста земја да не можат да играат во иста група.

РАНГИРАЊЕ ПРЕД ЖДРЕПКА ЗА  ЛШ (ЖЕНИ)

ШЕШИР 1: Ѓер (Унгарија), Ростов Дон (Русија), Мец (Франција), Рамницу Влчеа (Романија).

ШЕШИР 2: Будуќност (Црна Гора), Есбјерг (Данска), Кристијансанд (Норвешка), Борусија Дортмунд (Германија).

ШЕШИР 3: ЦСКА Москва (Русија), ФТЦ Раил Карго (Германија), Брест (Франција), ЧСМ Букурешт (Романија).

ШЕШИР 4: Крим Меркатор (Словенија), Подравка (Хрватска), Одензе (Данска), Битигхајм (Германија).