Десниот бек Даинис Кристопанс, по три сезони во францускиот ПСЖ, заминува во Бундес лигата и ќе го облече дресот на Мелсунген.
Генералниот менаџер на ПСЖ, Тјери Омејер, вели дека клубот жали за одлуката на екс вардарецот да замине од Париз.
„Несомнено е дека ни е жал што Даинис заминува. Тој одигра одлична сезона. Имаше разговори за да остане во ПСЖ. Но тој направи друг избор и ќе се пресели во Мелсунген. Мислам дека причината е во финансиите. Тоа е решение на играчот и ние мора да го почитуваме“, вели Омејер за „Л’екип“.
Летонскиот џин веќе имаше искуство во Бундес лигата, во дресот на Фуксе Берлин, откако по заминувањето од Вардар, мина една полусезона кај „лисиците“.