Владимир Глигоров во последните неколку месеци е селектор на сите женски репрезентации на Сирија, а пред да замине работеше во екипата на Металург.
Многу често се случува да не може да ја доврши својата почната задача во некој клуб. Така беше и при последниот ангажман во Металург за кој има и детали околу договорот кој го имал со екипата.
„Веројатно тоа е некоја судбинска врска на мојата работа и секогаш што ќе почнам нешто во Македонија да не можам да го довршам. Се вложувам многу во работата. Не знам дали е во прашање тоа што не наоѓам разбирање за работата или премногу се брза за резултати. Последниот ангажман го имав во Металург каде работев и со втората екипа и со кадетската екипа, а едно време бев тренер и на првиот тим пред да добијам корона. Многу ми е жал што морав да го напуштам Металург бидејќи цела сезона ја одработив без надомест, освен еден кој го добивав од најмалата група на ракометари родени од 2007 до 2009 година бидејќи родителите сами плаќаа за мојата работа со нивните деца. Во однос на другиот ангажман не добив надомест. Имав талентирана генерација на ракометари родени 2004, 2005 и 2006 година која беше страшен потенцијал. Не најдов разбирање и не добив можност да презентирам план и програма на претседателката на клубот, а во него имаше децата да се задржат и во следните три години 30 проценти како играчки кадар да добие и првата екипа. Во меѓувреме дојде повикот од Сирија и бев во расчекор да пресечам да рабоам со ризик дека ќе продолжи таа ситуација без надомест или да прифатам да работам надвор со надеж дека ќе успеам со мојата работа. Досега оди добро“, коментира Глигоров во интерјуто за 24 Ракомет.
Комплетното интервју можете да го прочитате на линкот во продолжение…
ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ: Меѓу работа без пари и работа за перспектива ја избрав Сирија