Машката кадетска репрезентација на Македонија заврши на 9. позиција на Светското првенство во Хрватска.
Избраниците на Раде Стојановиќ во вечерашниот дуел против Чешка одиграа на ниво и славеа со 28:22, со што остварија историски пласман.
Пред налетите на Македонија во Хрватска паднаа пет европски селекции – Чешка, Австрија, Унгарија, Црна Гора и Грузија, а Норвешка за малку ни се ивлече.
Победата над Чешка и деветтото место беа прославени со легендарните песни – „Бисер Балкански“ и „Земјо Македонска“…