Ракометниот Суд во ЕХФ донсе одлука за казна на француската федерација поради случај со ракометарот Матеј Шуштачек.
Француската федерација треба да плати 3.000 евра за неуспешно комплетиран трансфер на чешкиот интернационалец.
Покрај тоа, француската федерација доби и казна од 5.000 евра затоа што му издала нелегална дозвола за настап на претходно споменатиот играч.
Истиот ракометар нема да може да игра во ниту едно натпреварување додека не добие валиден сертификат за настап.
Ракометниот Суд во ЕХФ ја казни француската федерација третпат за ваков или сличен прекршок во последните пет години.