Денес на ЕХФ шампионатот за кадети, кој се одржува во престолнината на Летонија, Рига, се одиграа натпреварите од првото коло. Македонската репрезентација го одигра првиот дуел, а избраниците на Раде Стојановиќ беа убедливи против Турција, со резултат 34:19 (15:10), во натпревар од групата А.
Во групата во која се наоѓа и Македонија, играа и репрезентациите на Летонија и Косово. Очекувано, домаќинот не дозволи никакво изненадување, троимфираше над Косово со 20 гола разлика, 37:17 (19:6).
Швајцарија без многу проблеми запиша победа против Белгија, 39:18 (18:8), во натпревар од групата Б. Во оваа група се наоѓа уште репрезентацијата на Луксембург, која утре против Белгија,ќе до одигра првиот натпревар на ЕХФ шампионатот.
Освен натпреварите на ЕХФ шампионатот во Летонија, денес се одиграа и натпреварите од првото, односно второ коло на ЕХФ шампионатот во Романија, односно Израел.
ЕХФ шампионат Романија, 1 коло:
Група А
Австрија – Украина 26:29 (12:13)
Словачка – Естонија 26:28 (12:12)
Група Б
Романија – Велика Британија 46:10 (18:4)
Финска – Молдавија 27:24 (14:11)
ЕХФ шампионат Летонија, 1 коло:
Група А
Летонија – Косово 37:17 (19:6)
Македонија – Турција 34-19 (15:10)
Група Б
Белгија – Швајцарија 18:39 (8:19)
Луксембург слоб.
ЕХФ шампионат Израел, 2 коло:
Група А
Грција – Чешка 31:33 (12:19)
Холандија слоб.
Група Б
Бугарија – Литванија 22:34 (9:19)
Грузија – Израел 25:28 (10:12)