Паралелно со Европското младинско првенство се одржуваат и двата ЕХФ шампионати во Косово и Литванија.
Денеска беше слободен ден во Косово, а во литванскиот град Клаипеда се одиграа четири натпревари.
Фаворитите Шпанија и Фарски Острови во групата А забележаа втори триумфи и се веќе во полуфиналето.
Во групата Б, Словенките обезбедија место меѓу четирите најдобри, додека вториот полуфинален патник ќе се решава меѓу Босна и Херцеговина и Литванија.
Победниците од двата ЕХф шампионати ќе се пласираат на квалификацискиот турнир за младинското СП во Македонија следната година.
ЕХФ шампионат Литванија, младинки, 2 коло:
Бугарија – Шпанија 16-43
Турција – Фарски Острови 22-40
Босна и Херцеговина – Словенија 18-29
Литванија – Естонија 37-18