Денес на ЕХФ шампионатот за кадети во Летонија и Романија се одигра последното 3. коло во групната фаза. По комплетирањето на последното коло, познато е кои репрезентации обезбедија пласман во полуфиналето.
Нашата репрезентација со победата против Летонија од 33:23 (21:12) го освои првото место во групата А и за противник во полуфиналето ја доби второпласираната репрезентација од групата Б – Луксембург. Во второто полуфинале на ЕХФ шампионатот во Рига ќе играат Летонија и Швајцарија.
На ЕХФ шампионатот во Романија, домашната селекција заедно со Финска, Украина и Австрија обезбедија пласман во полуфиналето.
Во првото полуфинале ќе играат репрезентациите на Романија и Австрија, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Украина и Финска.
Репрезентациите на ЕХФ шампионатот во Израел пред полуфиналните дуели имаа слободен ден.
ЕХФ шампионат Романија, 3 коло:
Група А
Украина – Естонија 34:27 (15:12)
Австрија – Словачка 28 :21 (12:12)
Група Б
Романија – Финска 38:33 (18:19)
Велика Британија – Молдавија 28:35 (12:20)
ЕХФ шампионат Летонија, 3 коло:
Група А
Македонија – Летонија 33:23 (21:12)
Турција – Косово 29:23 (18:10)
Група Б
Швајцарија – Луксембург 28:26 (13:16)