Денеска на ЕХФ шампионатот за младинци што се одржува во градот Варна, во источниот сосед на Македонија, беа одиграни четири меча.
Во групата Б, каде што игра и Македонија, Швајцарија прослави убедлива победа над Романија со 33-27, а уште на полувремето имаше предност од четири гола, 17-13.
Во вториот дуел од групата на Македонија, според очекувањата Украина не виде мака против селекцијата на Косово и прослави триумф со 36-22.
Во групата А, јужниот сосед на Македонија победи против Литванија со 35-28, додека Луксембург беше подобар од Велика Британија со 27-21.
ЕХФ шампионат, младинци, 3 коло:
група А
Литванија – Грција 28-35
Луксембург – Велика Британија 27-21
група Б
Швајцарија – Романија 33-27
Украина – Косово 36-22