По завршувањето на групната фаза на ЕХФ шампионатот за младинци, кој се одржува во Варна, познато е кои репрезентации ќе играат во полуфиналето.
Како што е веќе познато, репрезентацијата на Македонија ќе разигрува за пласман од петтото до осмото место, откако не успеа да обезбеди пласман меѓу најдобрите четири репрезентации.
Од групата А, репрезентациите на јужниот сосед на Македонија и Израел обезбедија место во полуфиналето. Ракометарите на јужниот сосед на нашата земја во својата група завршија како првопласирани, со 100% ефект, четири победи на исто толку натпревари.
Израел како второпласирана, исто така патува во полуфиналето и ќе има шанса да се бори за пласман во финалето.
Од групата Б, со максимален број победи во полуфиналето патува Швајцарија, додека Романија е втора и ќе вкрсти со селекцијата на јужниот сосед на Македонија.
ЕХФ шампионат, полуфинале:
Швајцарија – Израел
Грција – Романија
5-8 место
Македонија – Луксембург
Украина – Велика Британија
9-10 место
Литванија – Косово