Денеска во Варна (Бугарија) продолжија натпреварите од првиот ЕХФ шампионат за ракометари до 20 години. За потсетување, младинската селекција на Македонија ќе биде дел од истото вакво натпреварување кое ќе стартува на 16 јули и ќе се игра до 24 јули.
Во второто коло беа одиграни два натпревари од групата Б. На победа се радуваа репрезентациите на Холандија и Грузија.
Холандија во првото коло беше подобра од Словачка, а денес немаше многу проблеми против Турција, оствари убедлива победа со десет гола разлика, 36:26 (12:19).
Грузија, која во првото коло ја изненади Турција, денес беше поразена од австриската репрезентација со 26:31 (12:15).
Шампионите од ова натпреварување ќе обезбедат место на Светското првенство за младинци во Хрватска следната година.