Денеска стартуваше ЕХФ шампионатот за младинки во Приштина, Косово, на кој учествуваат девет репрезентации.
На првиот ден се одиграа четири натпревари, на кои фаворитите остварија убедливи победи со двоцифрена разлика.
Интересен факт е дека победниците на три од четирите натпревари што се одиграа денеска, постигнаа по 37 погодоци – Финска, Австрија и Полска.
Само селекцијата на Словачка постигна два гола повеќе на дуелот против домаќинот Косово.
Победникот на овој ЕХФ шампионат ќе игра квалификации за Светското првенство што е на програмата во јуни 2024 година во Македонија.
ЕХФ шампионат младинки, 1 коло, резултати:
Финска – Велика Британија 37-22
Австрија – Летонија 37-22
Полска – Израел 37-21
Словачка – Косово 39-26