Денес на ЕХФ шампионатот за кадети, кој се одржува во Летонија, се одигра 2. коло од групната фаза. Репрезентацијата на Македонија ја оствари втората победа, откако во дуелот против Косово славеше убедлива победа, со резултат 39:16 (21:11), во натпревар од групата А.
Во групата во која се наоѓа Македонија, домаќинот, Летонија потешко од очекуваното ја совлада Турција, триумфираше минимално со 33:32 (13:12), а голот за победа беше постигнат во последната минута.
Летонија, како и репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман во полуфиналето на ЕХФ шампионатот. Во полуфиналето пласман обезбедија и репрезентациите на Швајцарија и Луксембург, кои в четврток ќе го одиграат меѓусебниот дуел за првото место во групата Б.
Освен натпреварите на ЕХФ шампионатот во Летонија, денес се одиграа и натпреварите од 2. коло на ЕХФ шампионатот во Романија, додека слободен ден имаше на ЕХФ шампионатот во Израел.
ЕХФ шампионат Романија, 2 коло:
Група А
Естонија – Австрија 26:32 (11:17)
Украина – Словачка 21:25 (10:12)
Група Б
Велика Британија – Финска 22:43 (11:12)
Молдавија – Романија 30:44 (11:29)
ЕХФ шампионат Летонија, 2 коло:
Група А
Македонија – Косово 39:16 (21:11)
Турција – Летонија 32:33 (12:13)
Група Б
Луксембург – Белгија 35:26 (18:15)
Швајцарија слоб.