Дали Европското првенство за жени ќе се одржи во две земји, ќе биде познато најдоцна до следниот вторник, објави ЕХФ.
Протоколите на норвешката Влада за Ковид-19 оневозможуваат играње на спортските натпревари, со оглед на тоа што според нив само еден позитивен тест на корона, треба да ја елиминира цела репрезентаија, а тоа е катастрофална ситуација.
Норвешка се уште не му одговарила на ЕХФ дали тој протокол ќе биде променет и прилагоден за новата реалност, а тој одговор ќе го чекаат до вторник
Во Трондхајм е планирано да се играат две групи, и две во данскиот Хернинг, но доколку Норвешка се откаже од организација, веројатно цело ЕП ќе се одржи во Данска.