„ЕХФ сега покрива некои трошоци, но износите се неспоредливи со оние во фудбалот“

Спортскиот директор на Мешков Брест, Павел Башкин во емисија на телевизијта „Белорусија 5“ говореше за целите на клубот и финансиите.

Пред сè се задржа на трошоците за гостувања кои еден дел од сезонава ќе ги покрива ЕХФ. Сепак смета дека тоа не е доволно и ги спореди со фудбалот каде што се значајно поголеми.

„Нашата цел секако е да стигнеме до нокаут рудната во Лигата на шампионите и тоа колку што можеме од подобро место. Од оваа сезона ЕХФ започна да покрива дел од трошоците за гостување на екипите. Постојат бонуси за секој освоен бод, но тоа не е споредливо во однос на оние во фудбалот. Во минатото често бевме во загуба од госстувањата“, рече Башкин.

Мешков Брест на почетокот на сезоната игра добро, на домашен терен успеа да слави над фаворитот во Лигата на шампионите, ПСЖ што им дава простор за надеж дека можат да ја остварат целта пласман во нокаут фаза.