По завршувањето на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка, ЕХФ го објави рејтингот на федерациите.
Машката ракометна репрезентација заврши на 15-та позиција на континенталниот собир, а истата позиција ја има и во вкупниот рејтинг според европската куќа на ракометот.
Шпанија е прва на листата со 416 бодови, додека Норвежаните се на втората позиција со 368 бодови, а Хрватите се трети иако играа во финалето со 360 бодови. Нашата земја го зазема 15-то место во конечниот ранкинг со 152 бода.
Оваа позиција ни го гарантира местото во вториот шешир пред ждрепката за следниот континентален собир во Словачка и Унгарија во 2022 година.