Европската ракометна федерација пред пет дена донесе одлука дека нема да се играат осминафиналните и четвртфиналните средби од Лигата на шампионите, а на завршниот турнир ќе играат најдобрите четири екипи од групната фаза.
И Вардар и ПИК Сегед се веќе елиминирани без да излезат на терен, но и покрај тоа ќе добијат финансиска компензација од маркетинг правата, откако тоа било решено по дискусијата меѓу ЕХФ и Европскиот клупски форум.
„Фондот за солидарност“ би требало да се изнесува 250.000 милион евра и таа сума треба да биде поделена еднакво меѓу сите 10 екипи што ја минаа групната фаза во Лигата на шампионите, а ЕХФ ги елиминира.
Европскиот шампион Вардар, ПИК Сегед, Монпелје, Фленсбург, Порто, Алборг, Динамо Букурешт, Висла Плоцк, Келце и Целје ќе поделат по 25.000 евра, што е компензација за елиминацијата на зелена маса.
Иста сум ќе поделат ЧСМ Букурешт, Будуќност, Ростов Дон и Валчеа, ако не се одиграат предвидените четрвртфинални средби од Лигата на шамппионите на 3 септември во склоп на завршниот турнир.