Дисциплинската комисија на ЕХФ експресно го одби протесното барање од страна на полската ракометната федерација, кое што беше испратено поради голот на Сергеј Косоротов во последната секунда од натпреварот меѓу Полска и Русија во рамките од 3. коло од главната фаза на ЕП.
Со голот на Косоротов, руската репрезентација се спаси од пораз и извади реми, 29:29.
Со отфрлањето на протесното барање, крајниот исход од средбата официјално е 29:29. За потсетување, веднаш после натпреварот меѓу Полска и Русија, ракометната федерација на Полска реагираше до ЕХФ и бараше поништување на голот на Косоротов.
Тие сметаат дека голот со кој Косоротов и донесе реми на Русија е нерегуларен бидејќи ракометарот направил чекор повеќе од дозволеното. Сепак, дисциплинската комисија на ЕХФ не виде ништо нерегуларно во спорната ситуација. Ракометната федерација на Полска за протесната нота мораше да плати 1.000 евра.
На социјалните мрежи во Полска има низа критики и негативни коментари на сметка на француските судии, Шарлот и Жули Бонавентура, кои го судеа натпреварот меѓу Полска и Русија.
🤯 What an end to a match. Last-second goals, last-second timeouts, it had EVERYTHING.@handballpolska 🇵🇱 vs @rushandball 🇷🇺#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/hfidbjmQUY
— EHF EURO (@EHFEURO) January 23, 2022