ЕХФ потврди – Вардар ќе владее со Европа до Нова Година!

Европската ракометна федерација потврди дека не планира да го откаже завршниот турнир во Лигата на шампионите што е закажан кон крајот на годината во Келн.

ЕХФ, заедно со германските власти и оние во Келн, како и луѓето од „Ланксес Арена“, веќе работат на организацијата на овој турнир на кој ќе играат четирите најдобри европски екипи.

Од вкупниот број на продадени билети, помалку од 3% од оние што купиле побарале рефундирање.

Сепак со оглед на тоа што ќе има редуциран број на гледачи, ЕХФ ќе ги врати парите на сите што купиле билети и ќе има нова продажба, кога ќе се знае точната бројка на гледачи во „Ланксес Арена“.

Датумот за ждрепката ќе биде дополнително познат.

Вардар останува да владее со Европа до Нова Година, а неговото место ќе дојде некој од големата четворка – Веспрем, ПСЖ, Барселона или Кил.