Иако на состанокот на Извршниот Комитет на ЕХФ во петокот, беше најавено дека ќе се почека до конечна одлука во врска со настапот на руските и белоруските клубови во Европа, сепак на денешната прес-конференција во Келн, претседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Михаел Видерер потврди дека суспензијата останува на сила и за следната сезона.
Како што е веќе познато, ЕХФ на 28 февруари донесе одлука да ги суспендира клубовите од Русија и Белорусија, како и репрезентациите на овие земји поради ситуацијата во Украина.
Освен ЕХФ, суспензија за рускиот и белорускиот ракомет воведе и светската ракометна куќа (ИХФ), па така клубовите од Русија и Белорусија, односно руските и белоруските репрезентации останаа изолирани од ракометниот свет.
,,Ракометните федерации на овие земји се наши партнери. Продолжуваме да одржуваме дијалог со нив. Но, очигледно е дека следната сезона нема да има руски и белоруски клубови во натпреварувањата под капата на ЕХФ”, изјави Видерер.
Најпогодени од одлуката на ЕХФ остануват да бидат руските клубови, Ростов Дон и ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, но и белорускиот шампион, Мешков Брест.
ЕХФ ги суспендираше клубовите и репрезентациите од Русија и Белорусија!