Како што пред пет дена објави 24Ракомет, машката сениорска репрезентација на Македонија ќе игра само еден бараж за Светското првенство во Египет 2021 година.
Оваа информација ја потврди Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација на состанокот одржан во Стокхолм.
Репрезентациите што дојдоа од претквалификациите – Литванија, Романија, Турција и Израел ќе играат во првиот бараж во април со најслабите четири од ЕП – Летонија, Босна и Херцеговина, Русија и Полска.
Сите останати репрезентации што играа на ЕП, а нема да обезбедат директно место на СП (меѓу нив и Македонија) ќе играат само во вториот бараж за Мундијалот во јуни.
За изгледот на шеширите пред ждрепката, ќе треба да почекаме официјална потврда од ЕХФ во следниот период.