Со денешната ждрепка на двојките за 1. квалификациско коло беше ставен старт на новото натпреварување, кое од годинава се нарекува Лига на Европа, а е практично наследник на Купот на ЕХФ.
Се работи за натпреварување во кое Македонија има три свои претставници, а Еурофарм Пелистер веќе има место во групната фаза.
Покрај тоа денеска Металург и Бутел Скопје ги добија своите ривали и останува само да се добијат добри информации за ривалите и да се почне со подготовки. Шансите за втор круг постојат, а Металург ќе има одлична позиција и за 2.квалификациско коло бидејќи и тогаш ќе влезе како носител.
Денеска беа извлечени вкупно 15 двојки, па толку екипи ќе обезбедат место во следната фаза од натпреварувањето и ќе им се приклучат на деветте клубови кои го скокнаа стартот како подоброрангирани. Првите натпревари ќе се играат на 29 и 30 август, а реваншите се на 5 и 6 септември.
Сите двојки од 1. квалификациско коло во Лигата на Европа во машка конкуренција можете да ги видите во продолжение.
ЛИГА НА ЕВРОПА (МАЖИ)
ДВОЈКИ ЗА 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
МЕТАЛУРГ (МАКЕДОНИЈА) – СПАЧВА (ХРВАТСКА)
ЃЕНЃЕШ (УНГАРИЈА) – БУТЕЛ СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
ПОТАИСА ТУРДА (РОМАНИЈА) – ГОРИЦА (ХРВАТСКА)
ДОБРОГЕА СУД КОНСТАНЦА (РОМАНИЈА ) – ВИКТОР (РУСИЈА)
СКА МИНСК (БЕЛОРУСИЈА) – ЦСКА МОСКВА (РУСИЈА)
ХОЛСТЕБРО (ДАНСКА) – ВАЛУР (ИСЛАНД)
КРИСТИЈАНШТАД (ШВЕДСКА) – АРЕНДАЛ (НОРВЕШКА)
БЈЕРИНБГРО СИЛКЕБОРГ (ДАНСКА) – МЕЛЗУНГЕН (ГЕРМАНИЈА)
СКЈЕРН (ДАНСКА) – МАЛМЕ (ШВЕДСКА)
АЗОТИ ПУЛАВИ (ПОЛСКА) – ХАСЛУМ (НОРВЕШКА)
БЕНФИКА (ПОРТУГАЛИЈА) – ФИВЕРС (АВСТРИЈА)
ПФАДИ ВИНТЕРТУР (ШВАЈЦАРИЈА) – ЕШ (ЛУКСЕМБУРГ)
ЕКС АН ПРОВАНС (ФРАНЦИЈА) – БИДАСОА ИРУН (ШПАНИЈА)
БЕЛЕНЕНСЕС (ПОРТУАЛИЈА) – ТРИМО ТРЕБЊЕ (СЛОВЕНИЈА)
КРИЕНС ЛУЦЕРН (ШВАЈЦАРИЈА) – ДУБРАВА (ХРВАТСКА)