ЕХФ објасни – Што ако не може да се играат дуелите меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург?

Пред одигрувањето на средбите од 1/16 финалето во Лигата на Европа клубовите кои се најдоа во елиминациите од натпреварувањето дознаа што ќе се случи доколку некој има ракометари кои се позитивни на Ковид 19.

Еурофарм Пелистер во вторник треба да го одигра првиот натпревар против составот на Магдебург, а веќе се знае што ќе се случи доколку во некој од тимовите има позитивни ракометари.

Од ЕХФ има одлука според која доколку натпреварот не може да биде одигран на 23 март, тогаш двојката ќе треба да ги одигра двата дуели во два дена, но најдоцна до 30 март. Доколку постои договор меѓу двете екипи може да има ден пауа меѓу двете средби, но и во таква ситуација нема можност да пролонгирање на датумите односно двобојот треба да биде завршен до 30 март.

Во ваква ситуација домаќин би бил тимот кој нема позитивни случаи на Ковид 19. Со оглед на тоа што се работи за нокаут фаза не постои можност за одлагање на натпреварите.

За реваншите ќе биде малку поинаку бидејќи не може да има играње на средби после 30 март. Тогаш екипата која не е во можност да игра поради позитивни случаи ќе биде исклучена од натпреварувањето без разлика на резултатот што бил постигнат на првиот натпревар.

Сепак, во целата оваа ситуција од ЕХФ се надеваат дека сите натпревари ќе можат да бидат одиграни во предвидените термини и ќе нема проблеми.