На две недели до стартот од новата сезона во Лигата на шампионите, Европската ракометна федерација објави имиња на десет ракометари кои доаѓаат на сцена.
Меѓу десетте млади ракометари се најде и еден играч на Вардар, кој летово од Еурофарм Пелистер пристигна кај „црвено-црните“. Се работи за организаторот на играта, Ловро Јотиќ, од кој се очекува да биде играчот што ќе има голема одговорност и ќе биде наследник на Игор Карачиќ во редовите на вардарци.
Покрај Ловро Јотиќ, на списокот се најдоа и следните ракометари: Елоим Пранди (ПСЖ), Емил Нилсен (Нант), Јосип Шарац (Целје), Александар Бонц (Елверум), Луиш Фраде(Барселона), Ласе Мелер (Флензбург), Даниел Душебаев (Келце), Диого Силва (Порто) и Феликс Клор (Алборг).
За овие ракометари е овозможено гласање, а доколку сакате да го дадете својот глас за ракометарот на Вардар, Хрватот Ловро Јотиќ тоа можете да го направите на следниот ЛИНК.