ЕХФ објави нов ранкинг за ЛШ, Вардар не е во ТОП 10

Европската ракометна федерација објави нов ранкинг на клубовите пред продолжението на сезоната во Лигата на шампионите.

Овој ранкинг многупати досега не се покажал како точен, бидејќи секогаш имало најмалку по едно изненадување во елитното натпреварување.

Стручните лица во ЕХФ, не го рангираа Вардар во ТОП 10, а според нив најголемите фаворити оваа сезона за европската круна се Келце, Веспрем, Барселона и Кил.

На десетто место е Порто, следува Мешков Брест, па изненадувачки Мотор Запорожје, данскиот Алборг, германскиот Фленсбург, додека францускиот ПСЖ е рангиран на петтото место.

Лигата на шампионите продолжува во четврток со пет дуели, а Вардар ќе гостува кај португалскиот првак Порто.