ЕХФ номинираше уште два судиски пара – и сестрите Бонавентура ќе судат на ЕП

Европската ракометна федерација објави дека се номинирани уште два судиски пара пред стартот на Европското првенство.

Покрај претходно најавените 18 парови, меѓу кои се и нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, покана добија уште две двојки.

Станува збор за сестрите Шарлот и Жули Бонавентура од Франција, како и за норвешкиот пар Ларс Јорум и Харалд Клевен.

Европското првенство стартува на 13 јануари и ќе се игра во Будимпешта, Дебрецин и Сегед, како и во Братислава и Кошице.

Македонија ќе игра во групата А во Дебрецин, заедно со Словенија, Данска и Црна Гора, а првиот меч е на 13 јануари.